Претходна статија
Германски „ОДВ-Електрик“ почна изградба на фабрика во ТИРЗ Струга
Следна статија
Повеќе од шест години ветувања за изградба на нов Драмски театар

„Жикол“ ќе работи на улицата „Тодор Александров“ на Водно

Објавено на 22.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Првата фаза од најавената реконструкција на улицата „Тодор Александров“ (поранешна „Салвадор Аљенде“) треба да започне наскоро. Најфреквентната сообраќајница во скопската населба Водно ќе се рехабилитира од страна на фирмата „Жикол“ од Струмица, со која Градот Скопје потпиша договор за остварување на градежниот зафат. Од градскиот буџет за почетната етапа се издвоени финансиски средства во висина од 39.281.430 денари (околу 630.000 евра). Главна обврска на изведувачот на работите ќе му биде во наредните 14 месеци да го санира постоечкиот коловоз на сообраќајницата, која во моментов го прифаќа целокупниот сообраќај на потегот од Клиничкиот центар кон некогашниот хотел „Панорама“.

 

 

 

Покрај рехабилитацијата на коловозот, неопходно е одредени сегменти од трасата да се прошират за да се овозможи нормален проток на возила. Градските власти планираат проектот да го реализираат етапно. Тендерот за избор на најповолен понудувач за првата фаза беше објавен кон крајот на јули годинава.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk