Претходна статија
Поништен тендерот за санација на просториите во Музејот на Македонија
Следна статија
Државата ќе поставува туристичка сигнализација за информирање

„Жикол“ ќе го гради новиот мост до скопско Долно Коњаре

Објавено на 24.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По неколку неуспешни санации на досегашниот мост, Јавното претпријатие за државни патишта се одлучи да изгради нов мост на реката Пчиња кај скопското село Долно Коњаре. Струмичката фирма „Жикол“ е избрана за изведувач на градежните работи на мостот на регионалниот пат Р2136. За изведба на новиот инфраструктурен објект се обезбедени 67.142.000 денари од државниот буџет. Струмичката компанија доставила најниска понуда на тендерот, на кој се пријавиле четири фирми. Мостот треба да биде изграден во период од 40 месеци.

 

Постојниот мост кај селото Долно Коњаре предизвикува константни проблеми за населението од овие делови на Општина Петровец. Мостот се наоѓа на делницата Ржаничино – Долно Коњаре и во неколку наврати беше оштетуван од најдојдените води на реката Пчиња. Државното јавно претпријатие во неколку наврати го санираше стариот мост, но проблемите со овој инфраструктурен објект не беа решени.