Со жичарницата на Водно ќе стопанисува Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Договорено е Министерството за транспорт и врски најнапред да му ја отстапи на Градот Скопје, а потоа градските власти со одлука да ја предадат во управување на ЈСП. Се најавува дека трансферот ќе се случи откако првиот сегмент на жичарницата (од Средно Водно до Милениумскиот Крст) ќе биде готов и ќе биде извршен технички прием. Ваквото решение е избрано бидејќи Јавното претпријатие веќе располага со прикладен технички персонал за нејзино функционирање и одржување, а има и искуство во превоз на патници. Овој модел е честа пракса во голем број градови каде има жичарници и слични системи.
Форумска дискусија за овој проект » овде