Претходна статија
До октомври ќе се заврши новото шеталиште во Охрид
Следна статија
Интензивно се работи на реконструкција на болницата „Св. Еразмо“

Зголемениот обем на работа лани донел поголема потрошувачка на градежни материјали

Објавено на 24.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Зголемениот број на градежни проекти во земјава лани повлекол поголема потрошувачка на градежни материјали. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност потрошиле материјали и енергија во вредност од 11.633.786.000 денари (189 милиони евра), што е за 27,8% повеќе во однос на претходната година. Најголем пораст во потрошувачката е забележан кај изолацискиот материјал и премачкувачите, каде растот изнесува 90,4%. Наспроти ова, најголем пад во 2015 година е констатиран кај материјалите за покриви, каде намалувањето изнесувало 88,2%.

 

 

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата материјали за врзување со 3.422.460.000 денари (29,4%), а потоа следат групите потрошено гориво со 1.659.326.000 денари (14,3%) и изолациски материјали и премачкувачи со 1.332.028.000 денари (11,4%).