Претходна статија
Во новите еко - населби во Карпош би живееле околу 9.600 жители
Следна статија
Лукаш Станек одржа предавање на Архитектонскиот факултет

Зголемени трошоците за изградба на индивидуални куќи

Објавено на 05.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Пораснале трошоците на градежниците при изградбата на нови објекти за индивидуално домување во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, овие трошоци во третото тримесечје од 2017 година се зголемиле за 0,9% во споредба со второто тримесечје од оваа година. Трошоците за материјали се пониски за 0,3%, додека трошоците за вработени се зголемиле за 3,7%. Споредено со истиот период лани, трошоците во градежништвото за нови објекти пораснале за 3,3%. Притоа, трошоците за материјали се повисоки за 2,1%, а трошоците за вработени се зголемени за 5,9%.

 

 

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.