Претходна статија
Владата го задолжи АДСДП за изградба на Домот на спортовите во Скопје
Следна статија
На 27 ноември ќе се одржи семинар „Скопје наспроти предизвиците на животната средина“

Земјоделците од Дебарско догодина ќе може да ги наводнуваат нивите

Објавено на 21.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Првата фаза од рехабилитацијата на системот за наводнување „Дебарско поле“ догодина ќе биде завршена. Земјоделците од Дебарскиот регион ќе можат да ги наводнуваат своите ниви, а со целиот проект ќе може да се обезбеди наводнување на околу 2.000 хектари земјиште. Во почетната етапа ќе се оспособи за работа пумпната станица на хидро мелиоративниот систем „Дебарско поле“, за што ќе се издвојат околу 73 милиони денари од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

 

Тендерската постапка за избор на изведувач веќе е во тек, при што роковите предвидуваат првичната фаза од проектот да се заврши до крајот на 2019 година. Доколку се реализира постапката во предвидениот рок, до крајот на следниот месец ќе се знае најповолниот понудувач за рехабилитација на пумпната станица. Системот за наводнување „Дебарско поле“ не функционира со години наназад, со што земјоделците од овој регион се оневозможени да ги засадуваат своите земјоделски култури.

 

Во наредните фази од проектот ќе се издвојат дополнителни средства за изведба на каналите за наводнување, за што веќе е изготвена студија и основен проект од фирмата „БАР Е.Ц.Е“ од Скопје.