Претходна статија
„Гранит“ со намалена добивка во првото полугодие
Следна статија
Ново продолжение на мораториумот за градење во Општина Центар

Земјоделските површини во Полошко ќе добијат пристап до систем за наводнување

Објавено на 31.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со обезбедените средства од околу 975 милиони денари, денеска започна изградбата на системот за наводнување Равен – Речица. Овој капитален проект за Полошкиот регион ќе обезбеди наводнување за земјоделските површини со површина од 3.920 хектари од десната страна на автопатот Тетово – Гостивар до подножјето на Шар Планина, како и 3.300 хектари земјоделска површина во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово. На денешната свеченост во Тетово присуствуваше премиерот Зоран Заев, претседателот на ДУИ Али Ахмети, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и тетовската градоначалничка Теута Арифи.

 

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

„Вакви капитални водостопански проекти значат поголема сигурност во обезбедување на доволно и навремено количество вода, посовремено и поекономично користење на водата, што придонесува за поголеми приноси и зголемување на земјоделското производство“ изјави премиерот Зоран Заев. Министерот Љупчо Николовски додаде дека со системот за наводнување Равен – Речица трајно ќе се реши наводнувањето под Шарскиот регион.