Претходна статија
Основниот проект за Универзална сала добива втора шанса
Следна статија
Повторно пролонгиран терминот за понуди за скопскиот трамвај

Земјиштето во индустриските развојни зони ќе се приватизира

Објавено на 28.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ТИРЗ СкопјеПокрај изнајмувањето на земјиштето од државата, градежните парцели во технолошко – индустриските развојни зони во иднина ќе можат да се купат од компаниите кои инвестираат во изградбата на индустриски капацитети. Собраниската Комисија за економски прашања денеска ги одобри измените во Законот за технолошко – индустриски развојни зони, кои предвидуваат продавање на парцели во рамки на зоните на домашни и на странски инвеститори, меѓу кои и на физички лица. Законските измени во понатамошната фаза на донесување во законодавниот дом ќе се одвиваат по скратена постапка.

 

Претставници од Министерството за економија на денешната комисиска седница истакнаа дека триесетина компании досега побарале да ги откупат парцелите, на кои изградиле или пак допрва ќе градат фабрички погони. „Има инвеститори кои сакаат да управуваат со зоните, да земат една или друга зона или да формираат зона на локација на која не постои. Често пати за да обезбедат и финансирање, потребно е да им покажат на своите инвеститори и банки дека поседуваат сопственост врз земјата“ изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, на маргините на Меѓународната конференција за општествена одговорност во Скопје.