Претходна статија
Чеси ќе стопанисуваат со учичното осветлување во Охрид
Следна статија
Нова продажба на градежни парцели на езерото Козјак

Земјиште за изградба на куќи и хотел се продава во Берово

Објавено на 31.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На продажба одат 19 државни градежни парцели во Берово и околината, на кои според урбанистичките планови е предвидена изградба на хотелски комплекс, семејни куќи, викендички и објект за времено сместување. Покрај брегот на Беровското езеро се нуди парцела со површина од 2.219 метри квадратни за хотел со приземје, три ката и поткровје. Во самиот град се нуди една локација од 977 метри квадратни за градење на објект за времено сместување со приземје, четири ката и поткровје, како и две парцели за индивидуални куќи.

 

 

 

Најголем дел од понуденото земјиште се наоѓа во туристичката населба „Суви лаки“, каде се нудат 15 плацови за изградба на индивидуални куќи со градини и на викендички, со површина од 443 до 1.732 метри квадратни. Вкупната површина на огласените парцели изнесува 15.395 метри квадратни. Почетната цена на електронското јавно наддавање е 61 денари за метар квадратен, со исклучок на земјиштето наменето за објект за времено домување што се нуди по цена од 800 денари за метар квадратен.

 

Пријавите за учество на електронската лицитација треба да се достават најдоцна до 15 април, додека истото е предвидено да се одржи на 17 април. По потпишувањето на купопродажните договори, инвеститорите ќе имаат рок од девет месеци за да обезбедат градежна дозвола од локалната самоуправа.