Претходна статија
Ќе се уредува нов парк во населбата Мичурин
Следна статија
Денови на Орис во Загреб по 18-ти пат

Заврши санацијата на браната Пишица кај Пробиштип

Објавено на 01.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја заврши санацијата на браната Пишица кај Пробиштип, која што се одвиваше во изминативе три години. Изведувач на градежните работи беше фирмата „Трансмет“ од Скопје. Во претстојниот период ќе се изврши полнење на акумулацијата, со што ќе се обезбедат околу 800.000 метри кубни вода за наводнување на земјоделските површини во Пишица, Жиганци, Гајранци и Крупишко поле.

 

 

Насипот на браната Пишица попушти за време на големите врнежи во февруари 2013 година, кога беа поплавени земјоделските површини и домови крај брегот на реката Брегалница. Со санацијата на оваа брана ќе се обезбеди и заштита од идни поплави во пробиштипскиот регион. За реконструкцијата на овој инфраструктурен објект беа вложени 800.000 евра од буџетот на надлежното министерство.