Претходна статија
Турски „Кенткард“ ќе го реализира новиот систем за наплата во јавниот превоз во Скопје
Следна статија
Се бара проектант за новата општинска зграда во Куманово

Заврши реконструкцијата на „Србиновски мост“

Објавено на 09.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Највисокиот железнички вијадукт во Македонија – „Србиновски мост“ на пругата Гостивар – Кичево е реконструиран и повторно отворен за непречено одвивање на сообраќајот. Вработените од Подружница на пруги при Македонски железници – Инфраструктура во изминативе два месеца ги изведоа санационите активности, кои опфатија промена на 290 дрвени прагови во должина од 315 метри, поставување на нови дрвени патосници и санација на заштитната ограда. Ова е прва поголема реконструкција на инфраструктурниот објект од неговата изградба во 1964 година. Со зафатот е овозможено движење на возовите со брзина од 80 километри на час.

 

Реконструкција на „Србиновски мост“Реконструкција на „Србиновски мост“Реконструкција на „Србиновски мост“

 

 

Пред повеќе од една година дел од праговите на „Србиновски мост“ изгореа во пожар, по што движењето на возовите на вијадуктот беше ограничено на 20 километри на час. Вијадуктот е долг 315 метри, а висината на средишните столбови изнесува 55 метри. Тој е изработен од челична решеткаста континуирана греда, заради трусното подрачје на кое се наоѓа. „Србиновски мост“ е изграден во рамките на пробивањето на пругата помеѓу Гостивар и Кичевово текот на 60-тите години на XX век, заедно со тунелот „Буковик“, кој е најдолг тунел на Балканскиот полуостров со должина од 7.062 метри.