Претходна статија
Избрано ново раководство на Асоцијацијата на архитекти
Следна статија
Два нови кружни тека се градат во Битола

Заврши реконструкцијата на пешачката улица „Тоше Проески“

Објавено на 18.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски денеска свечено ја отворија реконструираната пешачка улица „Тоше Проески“ во населбата Ново Лисиче. Иако првично беше предвидено нејзино проширување кон населбата Јане Сандански, локалната власт на инсистирање на граѓаните одлучи да не го уништува постоечкото зеленило на овој потег. Пешачката патека е поплочена со мермерни коцки и гранитни плочи, на кои се изгравирани јунаци од цртани филмови. Компанијата „ТрансМет“ од Скопје во изминативе четири месеци постави комплетно ново осветлување, урбана опрема, клупи и канти за отпадоци.

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

 

 

Градот Скопје, преку јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, донираше 96 жардиниери со хризантеми и зимзелени растенија за хортикултурно уредување на патеката, чија ширина изнесува 7 метри, а е долга 550 метри. Пред три години на улицата беше изградена и меморијална фонтана во чест на Тоше Проески.