Претходна статија
Рекреативна патека се гради околу Преспанското езеро
Следна статија
Битола ќе го добие новиот градски стадион во 2018 година

Заврши реконструкцијата на патот Битола – Ресен – Буково

Објавено на 25.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши санацијата на магистралниот пат Битола – Ресен – Буково. Делницата во должина од 27 километри беше реконструирана во текот на изминативе 20 месеци. Покрај поставувањето нов асфалт, изведена е и нова хоризонтална и вертикална сигнализација. За рехабилитација на магистралниот пат е подигнат кредит од Светската банка во висина од 6.000.000 евра. Градежните работи на патот Битола – Ресен – Буково се реализираат по три и пол децении од неговата последна обнова.

 

* Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

Реконструкцијата на магистралниот пат ја реализираа фирмите „Гранит“ од Скопје и „Илинден“ од Струга. Проектната документација ја изработи Градежниот институт „Македонија“.