Претходна статија
Траорна слика - во целост е уништена спортската сала „Партизан“ во Карпош 3
Следна статија
МСУ во вторник домаќин на изложбата „Моја скопска приказна“

Заврши реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ низ Карпош 1 и 2

Објавено на 04.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Скопскиот булевар „Партизански одреди“ низ населбите Карпош 1 и 2 е оспособен за сообраќај. По цела година измината во одолговлекувања на градежните работи, трасата со должина од околу 900 метри деновиве беше пуштена во употреба. Нанесени се два слоја нов асфалт на коловозот, а поставена е и нова хоризонтална сигнализација на булеварот.

 

 

Со реконструкцијата на оваа сообраќајница беше опфатена трасата на потегот од раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со булеварот „8 Септември“. Градежните работи на терен ги изведуваше фирмата „Бауер БГ“ од Скопје, а од градскиот буџет за оваа намена се издвоија 29,2 милиони денари.

 

 

Проектот за реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ стартуваше на почетокот од 2017 година, кога Градот Скопје го склучи договорот со изведувачот на градежните работи. Претходното градско раководство го започна реконструктивниот зафат на 17 јуни минатата година, ветувајќи дека целокупниот зафат ќе биде готов во рок од 90 дена.

 

 

Текст, фотографии: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk