Претходна статија
Пропадна тендерот за доградба на општинската зграда на Карпош
Следна статија
Консултациите за ТЕ „Осломеј“ ќе чинат над 1,7 милиони евра

Заврши реконструкцијата дел од стариот пат Скопје – Куманово

Објавено на 25.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Стариот пат Скопје - Куманово (Р-101) кај АрачиновоЈавното претпријатие за државни патишта денеска ја пушти во употреба реконструираната делница Арачиново – Никуштак – Ропалце со должина од 15 километри, која е дел од регионалниот пат што ги поврзува Скопје и Куманово. Градежните активности за реализација на проектот се завршија за помалку од една година, а ги изведуваше косовската компанија „Ескаватори“ од Урошевац, за што ѝ беа исплатени 2,56 милиони евра. Проект е дел од владината програма за реконструкција на македонските патишта во 2013 година. Покрај подобра комуникација меѓу општините Арачиново и Липково, со него ќе се обезбеди и подобра алтернативна патна врска на автопатот Скопје – Куманово.

 

„Во текот на оваа година очекуваме да се потпише договор и за патот од село Ропалце до село Липково“, изјави на денешната свеченост за сечење лента Џелал Бајрами, заменик – министер за транспорт и врски. Реконструкцијата на целиот пат помеѓу Арачиново и Липково во должина од 27 километри треба да чини над 5 милиони евра.