Претходна статија
26 километри нова канализациона мрежа во Куманово
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Свети Климентовиот Универзитет доведен на ниво на карабина

Заврши изградбата на магистралниот гасовод Клечовце – Штип

Објавено на 29.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Руската фирма „Стројтрансгас“ во пропишаниот рок ја заврши изградбата на магистралниот гасовод Клечовце – Штип во должина од 61 километри. Завршувањето на овој проект вреден 75,7 милиони долари воедно претставува и подмирување на клириншкиот долг од Руската Федерација кон нашата земја во висина од 60 милиони долари. На денешната свеченост по повод пуштањето на гасоводот присуствуваа македонскиот премиер Емил Димитриев, Костадин Берсењев од Амбасадата на Русија во Р.М. и Михаил Хрјаков, генерален директор на „Стројтрансгас“ од Москва.

 

#Веќе изградениот магистрален гасовод започнува од селото Клечовце, каде се спојува со постојното гасоводно поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Трасата минува низ Свети Николе до Блок станицата 5 во Штип. Долж целиот потег се поставени 5.000 гасоводни цевки и шест мерно-регулаторни станици. Дијаметарот на гасоводните цевки е 508 милиметри, а капацитетот на гасоводот е 105.500 метри кубни гас на час. По реализацијата гасоводната делница, извршната власт ќе продолжи со изведба на два нови проекти. Првиот е во насока на гасификација на Штип и Свети Николе, кој треба да се спроведе во соработка со локалните власти.

 

Во наредниот период треба да се продолжи гасоводот од Штип кон Неготино и Кавадарци, а градежните работи се очекува да започнат веќе кон средината на август. „Паралелно со трасата Штип – Неготино – Кавадарци во септември оваа година планирано е да почнат да се градат уште два крака од гасоводот и тоа трасата Кавадарци – Неготино – Прилеп до Битола, како и трасата Скопје – Тетово – Гостивар“ рече премиерот Димитриев. Македонската влада во наредните четири години планира да изгради гасоводна мрежа во должина од 204 километри, со вкупна вредност од над 150 милиони евра.

 

 

» Форумска дискусија за гасификацијата на Македонија