Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го пушти во употреба новиот кружен тек меѓу улиците 16. Македонска бригада и Коце Металец во населбата Автокоманда. Станува збор за кружен тек со дијаметар од 60 метри, со две сообраќајни ленти, велосипедска патека и патека за пешаци. Со зафатот беа реконструирани 390 метри од коловозот на улицата 16. Македонска бригада и 240 метри од улицата Коце Металец. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек е изградена атмосферска канализација во должина од 634 метри.
* Извор на фотографија: Град Скопје
Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек изнесува околу 53,6 милиони денари. Изведувач на градежните работи беше фирмата „Бауер БГ“. Со новото сообраќајно решение ќе се подобри безбедноста на сообраќајот на потегот од Автокоманда кон населбата Железара.