Претходна статија
Владата ќе крои национален план за справување со загаденоста на воздухот
Следна статија
Поставени 10 паркиралишта за велосипеди во центарот на Скопје

Заврши изградбата на кејската улица „Гоце Делчев“ во кочанско Оризари

Објавено на 21.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Кочани ја заврши изградбата на кејската улица „Гоце Делчев“ во селото Оризари. Изведена е улица со должина од 743 метри, како и тротоари од двете страни на коловозот. Со изведбата на проектот се санираше и мостот на влезот на Оризари, а поставено е и ново осветлување. Со реализацијата на проектот се оствари планираното поврзување на селото Оризари со регионалниот пат и со Кочани. Градежните работи во изминативе неколку месеци ги изведуваше струмичката фирма „Жикол“.

 

За изведба на последната фаза од проектот беа вложени 16 милиони денари преку компонентата „ИПА инвестициски грантови“. Целокупниот проект за изградба на оваа сообраќајница е со вкупна вредност од 315.607 евра. Од државниот буџет беа обезбедени 65.000 евра, општина Кочани учествуваше со 55.607 евра, додека останатите средства од 195.000 евра беа грант од Европската унија.