Претходна статија
Со 10 нови електрични возила ќе се чистат и мијат скопските улици
Следна статија
Катастарот ќе изработи Графички регистар на улици и куќни броеви

Заврши изградбата на градинката „Виножито“ во Бардовци

Објавено на 18.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Карпош ја заврши изградбата на детската градинка „Виножито“ во скопската населба Бардовци. Новиот објект со површина од 521 метри квадратни има капацитет да прими најмалку 78 дечиња од претшколска возраст, за чие згрижување се изградени четири занимални, гардероби и тоалет. Во изведбата на образовното здание беа инвестирани околу 24 милиони денари, кои се обезбедија од општинскиот буџет и од ИПА програмата на Европската Унија за општински рурални инвестиции.

 

*Извор на фотографии: Општина Карпош

 

Локалните власти од Карпош веќе го започнаа уписот на деца во новата детска градинка, при што новиот објект треба да отпочне со работа во најскоро време. Градинката „Виножито“ во населбата Бардовци е лоцирана во дворот на основното училиште „Аврам Писевски“. Градежните работи за реализација на овој проект започнаа во септември 2017 година, додека изведбата на детската градинка ја вршеше фирмата „Конструктор“ од Скопје.