По десетина месеци од почетокот на изградбата, општина Аеродром успеа да ја заврши изградбата на детската градинка „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче. Зградата има површина од 1.500 метри квадратни, кои вклучуваат осум занимални, санитарни јазли и кујна. Во објектот можат да се згрижат вкупно 270 дечиња од претшколска возраст. Висината на инвестицијата е 40 милиони денари, а изведувач беше тетовската фирма „Квалитет Бетонида“, која што успеа да ја заврши изградбата во предвидениот рок.
*Извор на фотографија: Општина Аеродром
Општина Аеродром периодов изработува проект за изградба на нова детска градинка во населбата Мичурин, која би се простирала на површина од 2.500 метри квадратни. Веќе се готови три проекти за доградба на градинките „Црвенкапа“ и „Изворче“ во Стар Аеродром, како и за реконструкција на објектот „Пчелка 1“ во населбата Лисиче.