Претходна статија
Наместо до 2022 година, пругата кон Албанија ќе биде готова до 2030 година
Следна статија
Над 900 граѓани добија субвенции за велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“

Заврши аплицирањето за субвенции за купување печки на пелети во Скопје

Објавено на 23.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вкупно 324 барања од граѓаните се поднесени на завршениот јавен повик на Град Скопје за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети. „Комисијата веќе ги разгледува пристигнатите барања и врши увид на инсталираните печки кај барателите коишто ги исполниле условите наведени во објавениот јавен повик“ информираат од Град Скопје. Доделувањето на субвенции се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Јавниот повик од Град Скопје беше распишан за периодот од 15 до 22 ноември. Со средства од градскиот буџет ќе се обезбеди поврат на средства за купување печки на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

 

 

Проектот за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на печки за пелети во домаќинствата има за цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени.