Претходна статија
Архитектонско решение за уредување на охридскиот булевар „Туристичка“
Следна статија
Приватен инвеститор ќе го гради „барокно“ ГТЦ?

Завршени 20 нови градинки во изминативе шест месеци

Објавено на 22.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владината иницијатива за отворање на 40 нови градинки на територијата на целата земја се одвива според планот. Од почетокот на проектот пред шест месеци до денес се отворени или пак се очекува отворање на 20 детски градинки низ македонските општини. Со нивното пуштање во употреба се создадоа услови за сместување на дополнителни 860 дечиња. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, на денешната прес – конференција информираше дека за потребите на проектот од државниот буџет се издвоени средства во висина од над 40 милиони денари, а заедно со инвестициите на локалните самоуправи, нивната вкупна вредност изнесува преку 55 милиони денари.

 

 

 

„Она што е битно да се акцентира е дека дел од овие детски градинки кои ќе бидат отворени претставуваат градинки кои ќе се отворат во населени места во кои досега воопшто немало градинка. Во минатото заради таквите услови, родителите биле приморани да ги носат своите дечиња во населени места кои се на оддалеченост и од пет километри од местото во кое живеат“, рече Ѓорѓиев.