Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, заедно со германскиот заменик министер за надворешни работи Михаел Рот и амбасадорот на Германија во РМ Томас Герберих денеска засадијата дрво Гинко на местото на коешто во минатото се наоѓаше споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето. Ова дрво – симбол на правата на човекот ќе биде придружено со изгравирана плоча која ќе потсетува на правото на праведно и јавно судење на секој граѓанин пред независен и непристрасен суд изразено во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации. Плочата која е донација од збратимениот град Нирнберг ќе упатува порака дека во судот правдата се дели непристрасно.
*Извор на фотографија: Град Скопје
„На оваа локација на која пред нешто повеќе од 2 месеци беше отстранета дивоградбата на која беше поставен споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, денеска е засадено дрвото на човековите права. Поставувањето на споменикот на Ќосето пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Но, отстранувањето на споменикот и засадувањето на таканареченото дрво на човекови права на местото на постаментот – дивоградба е симбол на почитување на законитоста“ изјави градоначалникот Шилегов.