Претходна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Универзална сала на бугарските архитекти Станкови
Следна статија
Во Гостивар се враќа зонското паркирање

Започнува реконструкцијата на „Северниот булевар“ во Кавадарци

Објавено на 13.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Кавадаречката фирма „Градба промет“ е избрана за изведувач на реконструкцијата на „Северниот булевар“ во Кавадарци. Градежниот зафат треба да се реализира во период од два и пол месеци. Со претстојните активности ќе се санира коловозот на трасата, почнувајќи од раскрсницата со „Западен булевар“ до раскрсницата со булеварот „Никола Манче“. Центарот за развој на Вардарскиот плански регион одвои над 8,5 милиони денари за комплетирање на изведбените работи. Тендерот за спроведување на овој проект беше објавен кон средината на јули.

 

*Извор на фотографија: Општина Кавадарци

 

Со проектот ќе се надмине постојната лоша состојба во која се наоѓа оваа сообраќајница. Активностите предвидуваат на терен да се изврши замена на постојниот тампон и да се постави нова асфалтна маса. По завршувањето на градежните работи, „Северниот булевар“ ќе обезбеди побрз проток на транзитниот сообраќај во Кавадарци.