Претходна статија
Со санација на доводите, мавровските хидроелектрани ќе го зголемат производството на електрична енергија
Следна статија
Прилепскиот градоначалник најавува нова населба за 13.000 жители

Започнува реализацијата на втората и третата фаза од хидросистемот „Злетовица“

Објавено на 25.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го потпиша договорот за изработка на техничка документација за втората и третата фаза од хидросистемот „Злетовица“. Конзорциумот предводен од шведската компанија „Свеко“ (Sweco) ќе изработи физибилити студија за планираните објекти и цевководна мрежа за наводнување на 4.000 хектари земјоделско земјиште и за изградба на 7 до 8 хидроелектрани кои би произведувале  56,4 гигават часови електрична енергија на годишно ниво. Финансиските средства во износ од 1 милион евра за реализација на консултантските услуги се обезбедени преку европските фондови.

 

По комплетирањето на техничката документација, се очекува во март или во април 2013 година да се распише тендер за изградба на системот за наводнување и за хидроелектраните. Доколку активностите се одвиваат според зацртаниот план, во втората половина од наредната година би требало да започнат градежните работи на терен. Првата фаза од повеќенаменскиот систем „Злетовица“ е речиси целосно завршена со изградбата на камено – насипната брана „Кнежево“ и цевководите за водоснабдување до градските и селските средини, при што останува да се реализираат ветувањата за изведба на пречистителни станици во шест општини од источна Македонија.

 

 

» Форумска дискусија за Хидросистемот „Злетовица“

 

 

ХС Злетовица