Претходна статија
24 милиони денари за изградба на претоварна станица на струшката депонија
Следна статија
Ќе се изработи проект за катна гаража во скопскиот Клинички центар

Започнува првата фаза од реконструкцијата и надградбата на булеварот „Босна и Херцеговина“

Објавено на 23.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје објави тендер за првата фаза од реконструкцијата и надградбата на булеварот „Босна и Херцеговина“ на потегот од булеварот „Словенечка“ до булеварот „Хрватска“ во скопската населба Бутел. Со претстојниот зафат ќе се изведува траса со должина од 1.366 метри, за која е проценето дека ќе чини околу 235 милиони денари, односно 3,8 милиони евра од градскиот буџет. Изведувачот на проектот ќе добие 18 месеци за да ја заврши реконструкцијата и надградбата на оваа скопска сообраќајница врз основа на основниот проект изработен од „ГЕИНГ КуК“ од Скопје.

 

Заинтересираните градежни компании можат да ги достават понудите за учество во тендерската постапка најдоцна до 13 август. Реализацијата на овој проект на краток рок ќе овозможи побрзо и побезбедно движење на жителите од општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари. На подолг рок, булеварот „Босна и Херцеговина“ е многу важен дел од новата градска обиколница во Скопје, со која општините Карпош и Гази Баба сообраќајно би се поврзале без да се минува Пластичарската улица и Бит – пазар.