Претходна статија
Италијански „Кондоте“ пројавува интерес за „Чебрен“ и „Галиште“
Следна статија
Германски „Акомпласт“ вложува 3 милиони евра во фабрика во Прилеп

Започнува проектот „Купи куќа за млади“

Објавено на 14.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со 73 гласа „ЗА“, Републичкото собрание денеска го усвои Законот за субвенционирање на станбен кредит во склоп на проектот „Купи куќа за млади“. За субвенциониран кредит ќе можат да аплицираат младите до 35 години, без оглед на нивниот брачен статус. Меѓу оние што може да аплицираат, се и оние лица кои имале стан или куќа на свое име, но во последните три години ги отуѓиле за купување на поголем стан. На младите лица им се достапни два модели за субвенционирање на купувањето на нова куќа. Според првиот модел, предвидено е исплаќање на субвенции на месечна рата во период од 11 години. Од државниот буџет, за кредитите до 50.000 евра во првите осум години ќе се покрива 80% од месечниот износ, додека во останатите три години субвенционираниот дел ќе се намали на 50%.

 

 

 

Втората опција за младите е целосно субвенционирање на учеството за кредитот во зависност од износот што ќе биде подигнат од апликантите. За проектот „Купи куќа за млади“ може да аплицираат сите оние млади што имаат месечни примања до 900 евра, или ако се во брак, сопружниците треба да имаат вкупни приходи од најмногу 1.300 евра по месец. Дадената субвенција за граѓаните е неповратна, при што имотот што тие ќе го купат не смее да се оттуѓува за време на финансиската поддршка што ја добиваат од државата. Без оглед на брачниот статус, барателот на кредит не смее да има живеалиште на свое име, ниту пак да има подигнато друг кредит.

 

Кредитот „Купи куќа за млади“ се однесува исклучиво за изградба на нови куќи од градежни компании, или пак, за изградба на своја куќа на сопствено земјиште. Поддршката од државата можат да ја искористат и оние лица што сакаат да ги надградат или доградат своите постоечки куќи.