Претходна статија
„Барокните“ факултети во УКИМ се градат без никаков застој
Следна статија
Општина Карпош со тендери за двата објекта на градинката „Мајски цвет“

Започнува изградбата на затворениот градски пазар во Велес

Објавено на 05.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Велес ја избра фирмата „Изгрев инженеринг“ за изведба на првата фаза од проектот за нов градски пазар. Договорот е во вредност од 10.344.732 денари, а неговата реализација ќе се одвива во период од 12 месеци. Со проектот е предвидено на местото на постојниот пазар да се изгради нов затворен објект во кој ќе бидат сместени тезгите, 16 дуќани, санитарни јазли и улица за достава на производи. Тендерската постапка од општинските власти беше распишана на почетокот од август годинава.

 

 

Во првата фаза од изградбата на градскиот пазар во Велес ќе се изведува долниот дел од пазарот, вклучувајќи ги подготвителните и земјените работи, како и армираните и челичните конструкции на овој објект. Изведбените работи ќе се реализираат врз основа на подготвеното идејно решение и основниот проект за идниот објект. Затворениот градски пазар во Велес се ветуваше долги години наназад, при што неговата изведба се одложуваше неколку пати.