Претходна статија
Се намалила цената на становите во Скопје на крајот од 2014 година
Следна статија
Се нудат парцели за изградба на винарии во Дебарца

Започнува изградбата на хотелот на „Дивелоп груп“ во Охрид

Објавено на 22.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Стартуваа подготвителните активности за изградба на луксузен хотел на охридското крајбрежје од инвеститорот „Дивелоп груп“. Новиот сместувачки капацитет со 50 соби и 120 легла се очекува да биде завршен за две години. Објектот ќе се гради на парцела со површина од 7.000 метри квадратни веднаш до хотелот Инекс Горица, а во моментов на терен се одвиваат земјени работи. Луксузниот хотел ќе биде дел од меѓународниот ланец „Small Luxury Hotels“. Најавената вредност на инвестицијата е 12 милиони евра.

 

 

 

Од охридската локална самоуправа посочуваат дека наскоро би отпочнала изградба на уште два нови хотели од висока категорија. Едниот од нив треба да се гради близу каналот Студенчишта од страна на компанијата „Фибула Ер Травел“, а вториот кај туристичката населба „Свети Стефан“. Со најавените инвестиции, Охрид ќе добие нови сместувачки капацитети за посетители со поголема платежна моќ.