Претходна статија
Општина Центар ќе инвестира во нови фасади, покриви и лифтови во постарите згради
Следна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ на полскиот архитект Јан Зданович

Започна со работа новата автобуска станица во Охрид

Објавено на 25.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По една и пол година од почетокот на изградбата на објектот, викендов започна со работа новата меѓуградска автобуска станица во Охрид. Современото здание се наоѓа на идентична локација во градот, при што со оваа инвестиција се решава долгогодишниот проблем со субстандардното функционирање на автобуската станица во досегашниот монтажен објект. Покрај билетара и чекална за патниците, во новата автобуска станица има тоалети, кафетерија и административни простории. Инвеститорот во овој објект е фирмата „Делфина Турс“ од Скопје.

 

Изградбата на меѓуградската автобуска станица во Охрид започна на 18 ноември 2016 година. „Делфина Турс“ за атрактивната парцела од 11.997 метри квадратни во мај 2015 година плати околу 680 илјади евра. Покрај автобуската станица, инвеститорот на ова земјиште гради и нов трговски центар. Проектот „Охрид Мол“ треба да биде завршен во текот на 2019 година, во чии рамки е предвидено да се изгради трговски центар на две нивоа со развиена површина од околу 19.000 метри квадратни.

 

 

Текст и фотографии: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk