Претходна статија
Голем број реакции на плановите да се гради во Националниот парк Галичица
Следна статија
Успешно реализиран проектот „Build Up Skills - BEET“

Започна санацијата на мостот „Гоце Делчев“

Објавено на 12.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје денеска ја започна санацијата на надворешната бетонска површина на мостот „Гоце Делчев“. „Во текот на градежните работи ќе се отстрани оштетениот бетонски слој на местата каде што има потреба, ќе се нанесе антикорозивна заштита на арматурата и ќе се изврши санација и заштита на површината. Градежните работи ќе траат 150 работни дена, или околу 7 месеци“, изјави градоначалникот Трајановски кој присуствуваше на почетокот на градежните работи. Изведувач е фирмата „Синтек инженеринг ДООЕЛ Скопје“, а градските власти за овој проект ќе потрошат околу 11 милиони денари.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

Градоначалникот Коце Трајановски додаде дека проектот за санација на надворешната бетонска површина на мостот „Гоце Делчев“ е врз основа на изработената експертиза од меѓународната компанија „Фресине“, во која се препорачува да се санира надворешната површина на мостот која е оштетена од атмосферски влијанија. „Фирмата „Фресине“, која е лидер во изработката на мостовски конструкции, во 2001 година изврши санација на конструктивни елементи на мостот „Гоце Делчев“, но при тој градежен зафат не беше санирана надворешната површина на овој мост“, посочи Трајановски. Во текот на градежните работи, сообраќајот на мостот ќе се одвива без прекини и ограничувања.