Претходна статија
Избрано идејно решение за уредување на коритото на Кочанска река
Следна статија
Отворена приватната болница „Филип Втори“

Започна Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2016

Објавено на 01.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

110 компании од земјава и од странство се претставени во три хали на Скопскиот саем на 13-от по ред Саем за градежништво и на 6-от по ред Саем за недвижности „Real Expo“, кој е отворен за посетители од денес до 5 март. Саемот за отворен денеска го прогласи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Покровител на саемската манифестација годинава е Министерството за финансии, која пред посетителите ќе ги претстави владините проекти „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“. На годинешниов Саем за градежништво зедоа учество 90 компании, додека на Саемот за недвижности се претставени 20 компании. Покрај од нашата земја присутни се и учесници од Германија, Турција и Србија.

 

Главна новина на годинешното издание е учеството на 14 македонски општини, кои на посетителите на саемот ќе им понудат градежни парцели за изградба на куќи од проектот „Купи куќа за млади“. Компаниите кои учествуваат на саемската манифестација најавуваат попусти на становите што ќе бидат купени во наредните пет дена. Од Скопски саем очекуваат околу 15.000 посетители.