Започнаа градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Скопје – Македонски Брод. Екипите на фирмата „Ескаватори-МК“ веќе активно работат на делницата од мостот кај селото Близанско до месноста Калуѓерец, чија должина изнесува 14,5 километри. Во моментов се одвиваат активности за проширување на патот, кој во иднина ќе има две сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри и на секои 500 метри ќе има дополнителни асфалтни џебови за движење на тешките товарни возила. Со тековниот зафат во наредните месеци ќе се асфалтира оној сегмент од регионалниот пат што досега немаше асфалт, со што ќе се скрати времето за патување меѓу Скопје и Македонски Брод.
* Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски
За изведбата на градежните работи од државниот буџет се издвоени финансиски средства од 101 милион денари. Со реконструкцијата на регионалниот пат Скопје-Македонски Брод ќе се овозможи развој на туризмот во резерватот „Јасен“ и долж вештачкото езеро „Козјак“.