Претходна статија
Непредвидени работи повторно го поскапија довршувањето на катната гаража „Тодор Александров“
Следна статија
Пад на приходите на „Гранит“ во првото полугодие

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Нов Дојран – Николиќ

Објавено на 30.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Започнаа градежните работи за рехабилитација на регионалниот пат Р1115 од Нов Дојран до Николиќ, со должина од шест километри. Со вложувањето во висина од 1,4 милиони евра, во наредните шест месеци ќе се санира оштетениот коловоз на овој патен правец од дојранскиот регион. Изведувач на градежните работи е „Гранит“, додека надзорот над изведбата ќе го врши „Евро Консалтинг“.

 

 

 

На денешното отпочнување на градежните работи, во Дојран присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Министерот Мисајловски подвлече дека во изминатиов период во дојранскиот регион беа реконструирани регионалните патишта Дојран – Струмица, Дојран – Фурка, а завршен е и локалниот пат за Црничани.