Стартуваше демонтирањето на стариот покрив на јужната трибина. Според планот таа треба да добие ист покрив и осветлување како и новоизградената северна трибина. Исто така ќе бидат монтирани нови столчиња. Старите столчиња беа отстранети во октомври 2009, кога и официјално почна реконструкцијата на трибината. Во меѓувреме продолжува изградбата и на „исток“ и „запад“.
Според програмата за изградба на стадионот, вкупната инвестиција изнесува 60 милиони евра и треба да се реализира до 2013 година. Во тој период треба целосно да се изгради и оспособи поттрибинскиот простор и да се изведе современо и унифицирано фасадно обликување. Исто така програмата предвидува реконструкција на фудбалскиот терен и атлетската патека.
Форумска дискусија за овој проект –> овде