Претходна статија
Спомен обележје за македонскиот астрофизичар Паскал Сотировски во Врбен
Следна статија
ИНТЕРВЈУ СО СТАНИСЛАВ ФУРМАН: Обновата на Скопје по земјотресот е извонреден период од историјата на градот

Започна реконструкцијата на булеварот „Васко Карангелески“ во Аеродром

Објавено на 24.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го означи почетокот на градежните работи за реконструкција на дел од булеварот „Васко Карангелески“ во населбата Аеродром. Станува збор за делот од крстосницата со булевар „Јане Сандански“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“ кај хотелот „Русија“, во должина од 600 метри. „Со реконструкцијата на овој булевар, кој во моментов е во катастрофална состојба, значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот и се надевам дека градежните работи ќе завршат во текот на месец септември“ изјави Трајановски.

 

 

Градот Скопје за реализацијата на овој проект ќе вложи 7,8 милиони денари. Изведувач на градежните работи е фирмата „Пелагонија“ од Гостивар.