Претходна статија
Годинава ќе скијаме на вештачки снег на Пониква и во Крушево
Следна статија
Документацијата за „Луково поле“ во финална фаза, Дебрани и понатаму се противат на изградбата

Започна реализацијата на нова патна врска со Косово

Објавено на 24.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во општина Липково денеска започна изградбата на делницата Опае – Белановце – Станчиќ – граница со Косово од регионалниот пат Р29272, инфраструктурен проект со кој Куманово и липковскиот регион во иднина ќе остварат директна патна врска со овој северен сосед. Должината на предвидената траса изнесува 16 километри, а коловозот ќе има две сообраќајни ленти. За изведувач е избрана бугарската градежна компанија „ИСА 2000“ (ISA 2000 Ltd) која има рок од две години за комплетирање на зафатот.

 

За изградба на новата патна врска со Косово ќе се потрошат 375 милиони денари или околу 6,1 милиони евра, средства што се обезбедени од страна на Агенцијата за државни патишта. На денешната свеченост присуствуваа вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, косовскиот амбасадор во Македонија Илбер Хиса, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, пратеници од македонското собрание и претставници на општина Липково.