„Сити Центар“ ќе биде името на новиот трговски центар во Прилеп, кој почна да се гради денеска. Комерцијалниот објект ќе никне на парцела од 1.617 метри квадратни, која инвеститорот „Тинекс“ ја купи од Општината на јавно наддавање во февруари годинава за околу 29 милиони денари. Вкупната инвестиција во трговскиот центар се најавува дека ќе биде 5 милиони евра. Проектот предвидува изградба на зграда со приземје, два ката и две подземни нивоа, со вкупна површина од 4.300 метри квадратни. За посетителите ќе има паркинг за 150 возила, од кои 40 би се паркирале во подземниот дел на објектот.
Од „Тинекс“ најавуваат дека во трговскиот центар ќе има дуќани, канцеларии, кафетерии и продавници на познати меѓународни брендови, а планирано е да се вработат вкупно 100 лица.