Претходна статија
Се оформува надворешниот лик на Стариот театар, се потпишуваат нови договори за ентериерот
Следна статија
Инвеститорите покажаа голем интерес за индустриската зона „Металец“ во Прилеп

Започна изградбата на објектот во кој ќе се сместат Факултетот за драмски уметности и бројни државни институции

Објавено на 16.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од неодамна активирано е градилиштето во непосредна близина на адвокатската улица и црквата Пресвета Богородица во Скопје [»мапа], на кое треба да никне зграда во која ќе се вдомат бројни државни институции, како и Факултетот за драмски уметности. Објектот ќе има приземје, 7 ката и поткровје. Површината за градење изнесува 2.126 метри квадратни, а вкупно изградената површина е планирано да изнесува 19.134 метри квадратни. Според најавите, меѓу државните институции кои ќе бидат сместени во новото здание се Бирото за судско вештачење, Агенцијата за планирање на просторот, Државниот завод за индустриска сопственост, Националната агенција за европски образовни проблеми, Бирото за регионален развој, Дирекцијата за технолошки индустриски зони, Агенцијата за цивилна воздушна пловидба, Државниот девизен инспекторат Дирекцијата за спречување на перење пари, како и дел од Управата за јавни приходи.

 

Идејното решение за објектот е во духот на „Скопје 2014“ и е дело на „Неимар инженеринг“. Изведувач на градежните работи е компанијата „Гранит“, за сума од нешто над 19,9 милиони евра. Надзорот го врши „Градежен институт Македонија“. Рокот за изведба е до крајот на октомври 2013 година

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

##