Американската компанија „Reci & Sons Enterprise“ денеска ја започна изградбата на новата фабрика во ТИРЗ Струга. Станува збор за инвестиција во вредност од 3.000.000 евра што ќе биде реализирана од Арбнор Речи, којшто имал долгогодишен сон за да вложи во родниот крај. Неговата компанија се занимава со производство на козметика и средства за чистење и лична хигиена. Oбјектot ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни под хала и дополнителни 750 метри квадратни за делот на администрацијата.
*Извор на фотографија: Општина Охрид
На денешната свеченост во ТИРЗ Струга присуствуваа вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши. „Сакам да им се заблагодарам на сите за можноста да инвестираме со што го направија овој ден посебен за мене и моето семејство. Ова е одлична мерка за да се спречат младите луѓе да ја напуштаат земјата“ изјави сопственикот на компанијата Арбнор Речи.