Претходна статија
Македонските градежници лани имале помалку работа во странство
Следна статија
„Тинекс“ доби нов дистрибутивно - логистички центар во општина Петровец

Започна изградбата на нов објект за градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2

Објавено на 16.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По неколку одложувања од минатото општинско раководство, Општина Карпош ја започна изградбата на новиот објект за детската градинка „Мајски цвет“ во скопската населба Тафталиџе 2. Старата монтажна градба изградена по скопскиот земјотрес ќе се замени со нов објект од цврста градба.

 

*Извор на фотографија: Општина Карпош

 

„Ова е инвестиција во вредност од 10.614.271 денари, која целосно ќе биде финансирана од буџетот на општината. Со новоизградениот објект ќе се добијат четири нови занимални за дечињата и 150 метри квадратни дополнителен простор, во споредба со претходната монтажна градба“ изјави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Изведувач на градежните работи е скопската фирма „Инженеринг Гроуп“, а рокот за изградба е 120 дена.

 

Градоначалникот Богоев најави дека годинава ќе продолжи изградбата на новата детска градинка во населбата Бардовци и ќе отпочне целосна реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе 1.