Во Скопје стартуваше изградбата на кружен тек на вкрстувањето на улиците Втора македонска бригада и Лазо Трповски, на границата помеѓу општините Чаир и Бутел [»мапа]. Кружниот тек ќе се формира на ниво на постојниот коловоз и ќе има една сообраќајна лента со ширина од 5,5 метри. Вредноста на зафатот е 22 милиони денари, средства кои ги обезбеди Градот, а изведувач на градежните работи е фирмата „Бауер БГ“. Според надлежните рокот за изградба е три месеци. Во рамки на проектот ќе се изведат тротоари поплочени со бехатон плочки на површина од 900 метри квадратни, додека во средината на кружниот тек ќе се засади зеленило на површина од 1.400 метри квадратни.
Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити, кој заедно со скопскиот градоначалник Коце Трајановски го означија почетокот на работите, изјави дека општинските власти имаат иницијатива за изградба на кружен тек и на вкрстувањето на улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула