Претходна статија
Продажба на парцели во економската зона Марино - Кадино
Следна статија
Отворен новиот Археолошки музеј на Македонија

Започна изградбата на индустриските зони кај Виница и Берово

Објавено на 18.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски денеска го означи почетокот на изградбата на технолошко – индустриските развојни зони кај Виница и Берово. Со средства од државниот буџет е предвидено да се реализира целата инфраструктура, со што ќе се овозможат директни странски инвестиции и во овие градови од источниот дел на земјата. Во рамки на зоните ќе се изгради патна мрежа, приклучоци за вода, електрична енергија и гас, канализациска мрежа, како и преземање на сите мерки за заштита на животната средина.

 

ТИРЗ ВиницаТИРЗ Берово

 

 

ТИРЗ „Виница“ е лоцирана во месноста „Поповец“, на два километри оддалеченост од градот Виница и ќе се простира на површина од 21,04 хектари, со 10 градежни парцели за индустриски објекти. Беровската технолошко – индустриска развојна зона е лоцирана покрај регионалниот пат Берово – Дабиле во месноста „Шушлевец“, на еден километар од Берово и ќе се простира на површина од 17,38 хектари, исто така со 10 парцели за фабрики.

 

Премиерот во своето обраќање на свеченоста истакна дека за развојот на овие зони од исклучително значење ќе биде изградбата на автопатот Скопје – Штип, експресниот пат Штип – Кочани и надградбата на магистралниот пат што води кон Делчево. Внатрешната инфраструктура на ТИРЗ „Виница“ ќе ја изведува „Жикол“ од Струмица, додека онаа во ТИРЗ „Берово“ ќе ја гради „Бауер БГ“ од Скопје.