Претходна статија
Повторно тендер за реконструкција на скопската болница „Св. Наум Охридски“
Следна статија
Охриѓани бараат референдум за изградбата на објекти во Националниот парк Галичица

Започна изградбата на фекален колектор на булеварот „Видое Смилевски Бато“

Објавено на 04.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Град СкопјеНов фекален колектор денеска почна да се гради во општина Аеродром. по должината на булеварот „Видое Смилевски Бато“. „Станува збор за изградба на нов фекален колектор со вкупна должина од 771 метар, од крајот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со булеварот „Србија“, каде што ќе се поврзе со постојниот фекален колектор. На овој потег ќе се монтираат полипропиленски канализациони цевки со профил ф-800 милиметри, а ќе бидат поставени и 12 ротомолдинг шахти. Рокот на изведба е 90 работни денови, а за реализацијата на овој проект Град Скопје ќе издвои околу 27 милиони денари“, изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски за време на почетокот на градежните работи. Изведувач е фирмата „Бауер БГ“, а надзорот ќе го врши Градежен институт „Македонија“.