Претходна статија
Проектот „Старите касарни за нов развој“ се актуелизира и во Кичево
Следна статија
Парични казни наместо раскинување на договорите со недисциплинираните инвеститори

Започна да сообраќа автобуска линија до скопскиот аеродром

Објавено на 01.03.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„ТАВ Македонија“ денеска ја промовираше новата автобуска линија од центарот на Скопје до аеродромот „Александар Велики“ и обратно. „Вардар експрес“ е автотранспортната компанија која ќе ги превезува патниците до скопскиот аеродром со веќе утврден возен ред кој е прилагоден на полетувањата и слетувањата на авионите. Автобусите и до девет пати дневно ќе поаѓаат од пред хотелот „Александар Палас“ и на патот до аеродромот ќе застануваат пред хотелот „Холидеј ин“, кај Транспортниот центар и пред хотелот „Континентал“. Картата во еден правец изнесува 100 денари. Според одговорните од турската компанија, се размислува и за воведување на автобуски превоз кон охридскиот аеродром.

 

###

 

 

Скопскиот аеродром долго време претставуваше редок европски пример на неорганизираност во јавниот превоз за патниците. Немањето на автобуска или железничка линија го искористуваа дивите таксисти кои наплатуваа огромни суми на граѓаните кои немаат превоз до главниот град. Инаку, во непосредна близина на аеродромот „Александар Велики“ поминува и железничката пруга од Скопје за Куманово, која и понатаму останува неискористена за патниците во авиосообраќајот. Централната железничка станица во метрополата има неискористени 5 колосеци кои би можеле да станат централна точка во организацијата на градска железница. Железничкиот јазол околу Скопје со мали корекции дава идеални можности за воведување на ваков вид превоз карактеристичен за европските градови.