Стара градска власт полни четири месеци не може да ја заврши реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во населбата Карпош 1. Иако беше ветено дека ќе заврши во рок од 90 дена, до денешен ден е реконструирана само по една коловозна лента на автобуските стојалишта. Екипите на „Бауер БГ“ во моментов работат на трасата во правец од Ѓорче кон Центар. Граѓаните на социјалните мрежи веќе неколку недели се жалат дека санациониот зафат се одвива многу споро. Велосипедската патека беше раскопана за поставување нови рабници на тротоарите, но веќе неколку месеци е оставена во идентичната состојба. Истовремено, граѓаните со недели голтаат прашина додека чекаат автобус на овие постојки.
Градот Скопје денеска не излезе со подетални информации за тоа кога ќе заврши градежниот зафат. Тие информираат дека допрва ќе се поставел финален асфалтен слој на сите коловозни ленти на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од раскрсницата со улица „Франклин Рузвелт“ до булеварот „8. Септември“. Градежните работи почнаа кон средината на јуни годинава, а главната поента беше да се заврши целокупниот зафат пред крајот на годишните одмори за да не се создава сообраќаен метеж. За овој проект беа издвоени околу 29,2 милиони денари од градскиот буџет.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk