Претходна статија
Подземната сообраќајница останува без финансии за годинава
Следна статија
Бројот на изградени станови расте, нивната цена се намалува

Заглави идејата за проширување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

Објавено на 07.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Иако најавен како проект за изведба уште во градскиот буџет за 2012 година, реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во главниот град се одолговлекува веќе трета година по ред. Истовремено, нема никакви најави за долговетуваното продолжување на оваа значајна сообраќајница до скопската обиколница, со што би се зголемила нејзината искористеност, а граѓаните на Радишани и Бутел би добиле алтернативна врска кон центарот на градот. Како најреална за реализација во моментов е надградбата на овој булевар, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“ во должина од 600 метри. За овој проект се издвоени средства од градскиот буџет за 2014 година.

 

Од градската власт појаснуваат дека причината за застој во спроведувањето на проектот се нерасчистените имотно – правни односи, на чие решавање во моментов се работи во соработка со Општина Чаир. „Откако ќе бидат расчистени имотно – правните односи, Градот Скопје е подготвен веднаш да стартува со градежните активности“, велат за „Билд“ од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. За најавената реконструкција и проширување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ на почетокот од 2013 година беа склучени договори со скопски „Бетон“ и „Елтра“ во вкупна вредност од 63.548.629 денари.

 

Во наредниот период треба да се работи и на покрупната етапа за продолжување на овој булевар кон скопската обиколница. Засега нема информации кога ќе се оствари ветениот зафат. Покрај за изведбените работи, Градот Скопје за најавената втора фаза ќе треба да одвои финансиски средства и за купување на приватните парцели низ кои треба да минува булеварот.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот Христијан Тодоровски Карпош