Претходна статија
Ќе се реконструира водоводната мрежа во општина Теарце
Следна статија
Отворен спомен паркот на Никола Карев во Свиланово

За седмина се намалил бројот на паркиралишта и гаражи во 2017 година

Објавено на 27.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Значително намалување на бројката на објекти наменети за паркирање низ македонските општини. Државниот завод за статистика пресметал дека бројот на паркиралишта и гаражи лани бил заокружен на 195 објекти со површина од 607.402 метри квадратни, што е за седмина помала квадратура наменета за паркирање во споредба со 2016 година. Според обработените податоци, 21.290 места за паркирање се на отворен простор, 2.184 места за паркирање има во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 6.197 места за паркирање.

 

 

Од вкупниот број на инфраструктурни објекти за паркирање, евидентирани се 18 катни гаражи, 9 покриени гаражи и 168 паркиралишта. Притоа, со истражувањето на статистичарите се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Македонија и паркиралиштата во општините. Бројот на местата за паркирање на отворен простор на лицата со посебни потреби во 2017 година изнесувал 459, во покриените гаражи биле обезбедени 53 места, додека бројот на местата за паркирање во катните гаражи изнесува 185.