Претходна статија
Објавен тендер за регулација на коритото на Конска река во Гевгелија
Следна статија
МЕПСО ќе гради 4 далноводи и ќе модернизира 8 трафостаници

За рекордни 5 дена се исцрпија средствата за субвенции за печки на пелети

Објавено на 06.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

За само 5 дена биле доставени 200 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за набавка на печки за греење на пелети, со што се исцрпени овогодинешните средства од буџетот на Град Скопје за оваа намена. „Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барањата на граѓаните за субвенции за купување печки на пелети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат“ информираат градските власти. На претходниот јавен повик од мај годинава беа доделени дополнителни 187 субвенции за набавка на печки за греење на пелети.

 

Со вториот по ред јавен повик, граѓаните на подрачјето на Град Скопје имаа можност да набават печки на пелети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 70% од вредноста на печката, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. За вториот јавен повик за субвенции на печки на пелети беа издвоени околу 5 милиони денари од градскиот буџет.