Драстичен пад на добивката од работењето на градежната компанија „Бетон“ од Скопје во првите девет месеци од 2017 година. Позитивниот финансиски резултат од работењето изнесува 11.200.215 денари, што е за пет пати помалку во однос на идентичниот период од 2016 година. Според податоците објавени на веб-страницата на Македонска берза, остварените вкупни приходи на скопски „Бетон“ изнесуваат 1.378.924.962 денари. Остварените вкупни расходи заклучно со септември 2017 година изнесуваат 1.367.724.747 денари, се наведува во објавениот неревидиран и неконсолидиран извештај.
Во периодот јануари-септември 2016 година оваа градежна фирма остварила добивка од 59.265 илјади денари. Најголема причина за намалувањето на добивката во текот на 2017 година произлегува од намалените залихи на готови производи и на недовршено производство на компанијата.